Европската унија објави инвестициски проект вреден 700 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија во Грција и Шпанија, соопшти прес-службата на Европската комисија.
Најмалку 15 лица загинаа во напад врз одделот за миграција во Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангархар во Авганистан, изјави официјален претставник.
Судскиот процес против поранешниот шеф на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп - Пол Манафорт почнува денеска, што е прв случај на специјалниот американски обвинител Робет Малер поврзан со истрагaта за вмешаност на Русија во претседателските избори.
Во Германија денеска е регистран најтопол ден во 2018 година со температура од 39,2 степена Целзиусови во градот Бернбург. Тоа е највисока температура откако се мерат температури во Саксонија-Анхалт и е измерена во 14:30 по локално време, соопшти германскиот Метеоролошки завод.
Северна и Јужна Кореја изразија разбирање за разоружување во т.н. Заедничка безбедносна зона во демилитаризираната област, јави Јонхап.
Соочена со пренатрупаноста на затворите, Владата на Белгија започнува нов пилот проект за затворениците, најави белгискиот министер за правда Кун Генс.
Побарувачката на компаниите за нови работници во Германија во јули е на највисоко ниво, а најголема побарувачка е регистрирана во секторот информациско-комуникациска технологија, соопшти Сојузниот завод за вработување (ФЕА).
Австралиец со албанско потекло од австралиската сојузна држава Квинсленд, е осуден на 17 години затвор порадо планирање самоубиствен напад на територијата на Австралија.
Американскиот новинар Боб Вудвард кој се прослави како еден од разоткривачите на аферата „Вотергејт“, поради која тогашниот американски претседател Ричард Никсон поднесе оставка во 1974 година, подготвува книга во која ги анализира методите на управување на актуелниот претсефател на САД, Доналд Трамп.
Уставниот суд на Грузија ги укина казните на лицата осудени за употреба на канабис, со образложение дека станува збор за „право на личен избор“.