Властите на Тунис денеска им дозволија на 40-ина мигранти да влезат во пристаништето Зарзис, откако минаа повеќе од две недели на расипан брод за кој се водеше спор меѓу Тунис, Италија и Малта.
ремиерот Хун е на власт веќе 33 години, и се очекува единствен посериозен отпор да дојде од Нородом Ранарид, син на кралот Нородом Сихамони
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги предупреди САД да внимаваат на своето однесување, бидејќи им се заканува да загубат многу важен сојузник. Односите меѓу двете земји се затегнати поради американското одбивање да го екстрадираат Фетула Ѓулен, како и турското апсење на американски протестантски свештеник.
Најмалку 10 лица загинаа, а 40 се повредени, во земјотресот што утринава го погоди островот Ломбок во Индонезија.
Шест лица, од кои три деца, загинале кога брод со мигранти што се упатил од Турција потонал кај грчкиот остров Лезбос. Девет лица биле спасени од бродот кој испловил од близината на турскиот град Ајвалик, а по еден се трага.
Палестинската 17-годишна активистка Ахед Тамими утринава беше пуштена од затвор, каде мина осум месеци заедно со нејзината мајка Нариман, поради напад врз израелски војници. Ахед Тамими закажа прес конференција за попладнево во нејзиниот роден град Наби Салех, во палестинската област Западен Брег.
Непознато лице одлучило да постави портрет на рускиот претседател Владимир Путин во зградата на Конгресот во Колорадо, каде требало да стои сликата на 45. претседател на САД, Доналд Трамп, пишува „Хафингтон пост“.
Мексиканските власти соопштија дека пет лица се убиени, а тројца повредени откако вооружени напаѓачи влегле во една продавница во близина на ресторан во летувалиштето Канкун и отвориле оган врз група полицајци.
Али Чан (24), турско-германски писател, ја отпочна кампањата #metwo на Фејсбук, преку која ги повикува Германците да ги споделат своите искуства и да бидат инспирирани од Озил. Името на кампањата алудира на хештегот #metoo, со кој жени во САД ги споделуваа своите искуства на сексуално малтретирање.
Телевизијата информираше дека сите обвинувања против Мунвeс ќе бидат разгледани сериозно и дека ќе бидат преземени мерки, по нивното испитување.