Една од основачките на радикалното феминистичко движење Фемен, Оксана Шачко (31) пронајдена е мртва во својот стан во Париз. Таа најверојатно извршила самоубиство. Шачко во последно време страдала од депресија, а веќе имала и два обиди за самоубиство.
Европската комисија денеска предложи да им се плаќа на земјите членки на Европска унија по 6.000 евра за секој прифатен мигрант, кој би бил спасен во Средоземно Море.
Британецот Чарли Роули, кој мина три недели в болница откако беше затруен со нервниот агенс „Новичок“, изјави дека отровот најверојатно се наоѓал во шишенце за парфем, што го пронашол во градскиот парк во англискиот град Солсбери и и го подарил на неговата пријателка Доун Старџис.
Спасувачите пронајдоа 28 беживотни тела откако синоќа се урна брана во провинцијата Атапу, југоисточен Лаос.
Израелското Воено воздухопловство собори сириски ловец од типот „Сухој“, кој навлегол во воздушниот простор на Израел, јави ДПА.
Шведската компанија Икеа одлучи да воведе драстични промени во работењето, по 30 години функционирање. Компанијата планира да почне да отвара мали градски продавници наместо големите препознатливи центри.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанjaху денеска изјави дека Турција со управувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се претвора во „мрачна диктатура".
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека со израелскиот закон, според кој само Евреите имаат право на самоопределување, се дозволува експлоатација и покажува дека Израел е „најционистичката, фашистичка и расистичка земја“.
Романскиот министер за финансии, Еуџен Теодорович, предложи даночна амнестија за приватните и државните претпријатија, објави весникот „Романија Либера".
Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат соопшти дека камен од Ѕидот на плачот, со тежина од 100 килограми, ненадејно паднал покрај лице кое се молело и не го повредило, нарекувајќи го случајот - „огромно чудо“.