САД имаат технолошки најмоќна економија во светот со бруто домашен производ по жител од околу 60.000 долари, пишува хрватски „Индекс“.
Најмалку 207 лица се убиени во светот во 2017 година, што е најлоша година за екологистите, бидејќи се спротивставувале на рударски, шумски или агроиндустриски планови, објави Глобал витнес.
Лидери на БРИКС, економии во развој во која се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република в среда во Јоханесбург се собираат на редовен годишен Самит на кој „трговската војна“ што ја покрена амерканскиот претседател Доналд Трамп ќе доминира во расправите.
Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатские промени не се единствена причина, објави Гардијан.
Европската комисија во следните неколку часа ќе го активира Европскиот механизам за цивилна заштита за да и помогне на Грција каде во пожарите досега загинаа околу 50 лица.
Руски хакери минатата година упаднале во мрежи на електропреносни услуги на САД со што можеле да предизвикаат запирање на системот за пренос на струја, соопштиле претставници на федералната влада според кои, хакерската кампања веројатно трае и сега, објави „Волстрит џурнал“.
Полицијата во Торонто го објави името на напаѓачот кој во неделата, пукајќи во ресторани и кафулиња, уби 10-годишно девојче и 18-годишна девојка, а рани уште 13 лица.
Во Финска силно е погодена северната провинција Лапландија каде горат и неколку пожари. Во исто време продолжува да се шири и пожарот по нејзината источна граница, кој почнал од Русија.
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го укине пристапот до безбедносни информации за неколкумина поранешни функционери од администрацијата на неговиот претходник Барак Обама и неговите критичари, но Конгресот е против.
Американските власти соопштија дека во еден автомобил, кој бил доставен на авто-салон во Њујорк, биле откриени 30 килограми кокаин, во вредност од над еден милион долари.