Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант, предупреди дека „постои реален ризик" неговата земја да ја напушти Европската унија следната година без претходно да постигне договор за идните односи со Брисел, што ќе предизвика економска и политичка штета и на ЕУ и на Лондон.
Владата во Дамаск денеска ја осуди евакуацијата на стотици членови на сириската невладина организација „Бели шлемови“ во Јордан нарекувајќи ја „криминална операција“ на Израел и неговите слуги.
Еден службеник е убиен во нападот врз зградата на регионалната влада на Ирачки Курдистан во ирачкиот град Ербил,соопштија локалните власти. - Нападот траеше четири часа. Ликвидирани се и тројцата напаѓачи, соопшти заменикот-началник на локалната полиција Фахрад Мохамед.
Новозеландската фирма „Перпетуал Гардијан“ одлучи да воведе четиридневна работна недела, а вработените да ги плаќа како да работеле пет дена.
Кинескиот премиер Ли Кечијанг нареди истрага во индустријата за вакцини во земјата откако граѓаните остро реагираа на веста дека производител на вакцини против беснило кршел прописи.
Израелската војска денеска соопшти дека го активирала својот систем на одбрана како одговор на ракетите во соседна Сирија.
Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија за договор вреден 11,8 милиони долари, објави „Сандеј телеграф“.
Момче на возраст од 15 години синоќа е убиено од страна на израелски војници, во близина на Витлеем на Западниот брег, соопштија палестински здравствени власти.
Промената на кривичното законодавство на Руската Федерација ќе доведе до ослободување на околу 14.000 затвореници, објави руската телевизија "360".
Германија ќе ги укине економските санкции што ги воведе кон Анкара пред една година, јави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.