Илјадници Иранки објавија свои видео снимки на коишто играат, со ознаката #ИграњетоНеЕЗлосторство, во знак на поддршка за тинејџерката која беше уапсена поради снимки на Инстаграм, на коишто таа танцува „несоодветно облечена“.
Заменик тајлански премиер Пруит Вонгсуван денеска го обвини кинескиот туроператор за несреќата во која загинаа повеќе од 40 лица, кога на 5 јули се преврте брод недалеку од островот Пукет.
Амбасадата на Русија во САД ја посоветува Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да ги ажурира податоците за Русија во својата Светска карта, со тоа што ќе ги додаде Крим и Севастопољ.
Даунинг Стрит денеска соопшти дека британската премиерка Тереза Меј го именувала министерот за домување Доминик Раб како нов министер задолжен за спроведување на британското излегување од Европската унија.
Неколку големи продукциски компании се во трка за купување на холандската ТВ куќа Ендемол, креатор на светски познатото реално шоу „Големиот брат“ („Big Brother“) и познатата серија „Црно огледало“ („Black Mirror“).
Актуелниот шеф на турската држава Реџеп Тајип Ердоган денеска првпат ќе положи заклетва како претседател во нов политички систем, каде ќе ја има целата извршна власт.
Историскиот договор меѓу Грција и Македонија за спорот со името покажа дека е можно да се надминат и длабоките билатерални разлики, доколку се зголеми довербата и постои политичка волја, нагласи денеска државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.
Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска потпиша указ за отстранување од функцијата на главната обвинителка против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеши по решение на Уставниот суд од мај.
Почнувајќи од денеска на полноќ, Австрија повторно воведе проверки на некои од граничните премини во земјата, мерка за која во Виена наведуваат дека е привремена и не е поврзана со мигрантската криза.
На карипската држава Хаити веќе трет ден беснеат безредија поради одлуката на Владата за зголемување на цената на горивото.