Хан предупреди дека евентуалното одбивање на двете земји ќе има негативни последици за стабилноста и европерспективата на регионот.
Велика Британија треба да ги зголеми трошоците за одбраната за да биде сигурна дека ќе ја сочува својата водечка улога во воениот сојуз НАТО и соработката со САД. Тоа во извештај го препорача Комисијата за одбрана на британскиот Парламент.
Две ракети истрелани од Израел, паднаа во близина на аеродромот на Дамаск, соопшти сириската државна телевизија без да даде детали.
Белата куќа ја повика Турција да ја зајакне демократијата, еден ден по убедливата победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претседателските и парламентарните избори.
Соединетите Американски Држави му го забранија влезот во земјата на поранешниот генерален секретар на НАТО и министер за надворешни работи на Шпанија, откако отпатувал во Иран, една од земјите која што се најде на „црната листа“ на претседателот Доналд Трамп.
Иран воведе забрана за увоз на над 1.300 производи, со цел да ја заштити економијата од најавените нови санкции на САД, и да спречи натамошно паѓање на својата валута - ријалот.
Најголемиот синдикат во Аргентина денеска предизвика масовен штрајк кој ја парализираше јужноамериканската држава.
Бројот на станови кои се нудат на продажба во Менхетн пораснал за 17 проценти во мај 2018 година во споредба со мај 2017 година, што е најголем пораст во изминатите осум години. Најголем број на новопонудени, а непродадени станови има на горниот источен дел на метрополата, каде порастот изнесува 20 проценти.
Европската комисија денеска изрази надеж дека Турција ќе остане посветен партнер и по вчерашната победа на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори.
Новата годишна анализа на Блумберг, наречена New Energy Outlook 2018, врз основа на податоците од 65 енергетски експерти од 12 главни светски пазари, предвидува како ќе се развива пазарот на електрична енергија до средината на овој век.