Лидерот на главната турска опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави дека се забележани изборни нерегуларности во југоистчниот дел на земјата и упати апел до набљудувачите да „не забораваат дека се државни службеници“, а не „се во служба на политичка партија“.
Компанијата „Нетфликс“ го отпушти главниот службеник за комуникации Џонатан Фридленд бидејќи за време на работните состаноци користел навредлив израз односно политички некоректниот термин „црнчиште“ (nigger).
Безбедносни сили во Рака воведоа на дводневен полициски час поради закани од напади од страна нја Исламска држава.
При експлозија во зграда во германскиот град Вупертал ранети се 25 лица, од кои четворица се здобиле со тешки повреди, соопшти денеска полицијата.
Јеменските бунтовници Хути денеска почнаа да распоредуваат дополнителни сили во главното пристаниште Ходеида, а силите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија се приближува кон градот во рамките на најголемата офанзива во тригодишната војна во Јемен.
Во Брисел попладнево ќе пристигнат 16 лидери на земји членки на ЕУ за затворен состанок во Европската комисија, кој треба да ги исцрта линиите за преговорите за миграциските предизвици на Самитот на Унијата, што е закажан на 28 и 29 јуни.
Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади и шиитскиот свештеник Муктада ел Садр формираа коалиција, со што Ирак е чекор поблиску до формирање на нова Влада.
Принцот Вилијам денеска ја почнува првата петдневна официјална посета на Блиски Исток.
Високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер изјави дека е подготвен да соработува со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Екстремистичката група Исламска држава вчера објави видео снимка со заложници и бара да се ослободат сите сунитски жени од ирачките затвори.