Цените на ванилата во изминатите две години се зголемија, по што овој сладок зачин моментно чини повеќе од среброто.
Опозицискиот лидер Никол Пашињан денеска е избран за премиер на Ерменија, функција за која беше и единствен кандидат.
Медиумите во Јапонија и во Јужна Кореја објавија дека во авионот кој вчера слета на кинескиот аеродром Далиан, можеби бил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја повика Организацијата на американските држави да го суспендира членството на Венецуела во таа група од 35 земји.
До крајот на следната деценија на Германија би можело да и недостасуваат 4,9 милиони работници, а овој недостаток би ја чинел германската економија 525 милијарди евра, се наведува во студијата на консултанската компанија Корн/Фери.
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја заслужува Нобеловата награда за мир ако успее да го реши проблемот со Иран и на Корејскиот Полуостров.
Претседателот на САД, Доналд Трамп застана во одбрана на Џина Хаспел, која ја номинираше за директорка на Централната разузнаваќка агенција (ЦИА), истакнувајќи оти демократите не ја сакаат поради нејзиниот премногу остар став кон тероризмот.
Во Москва се одржа новата церемонија на инаугурација во Кремљ. Владимир Путин денес по четврти пат беше нејзин главен актер. Во најновата историја на Русија ова е седми по ред ваков настан, а сè започна во 1991 година кога земјата сè уште беше дела од СССР.
Лидерот на италијанското Движење пет ѕвезди (М5С), Луиџи ди Мајо синоќа, првпат откако изборите во Италија на 4 март завршија без јасен победник, предложи премиерот да го избере заедно со лидерот на екстремнната десничарска партија Лига, Матео Салвини.
Лидерот на италијанската десничарска партија Лига, Матео Салвини денеска изјави дека од претседателот на Италија, Серџо Матарела побарал да му го довери мандатот за формирање нова влада на земјата.