Шпанската полиција соопшти дека денешната антитерористичка операција во Барселона е преземена поради лажна дојава за поставена бомба.
Најмалку 152 лица, меѓу кои и 23 деца, се затруени од истекување на хлор од една цистерна во округот Сирт во југоисточниот дел на Турција.
Ураганот Ирма, во налет кон регионот Тампа Беј, достигна до прва категорија со јачина на ветрови од 135 километри на час.
Најмалку 10 луѓе загинаа во налетот на ураганот Ирма низ Куба за време на викендот, соопштија денеска кубанските власти. Со тоа, бројот на жртви од ураганот Ирма на Карибите се искачи на 38.
Улиците од Мајами се поплавени, дрвата искорнати, а уништени се и водовите со струја, поради што над 4 милиони луѓе останаа без струја. Неколку луѓе загинаа.
По барање на гувернерот на Флорида, Рик Скот, американскиот претседател Доналд Трамп одобри да се прогласи состојба на природна катастрофа на Флорида и наложи федерална помош за земјата што е погодена од ураганот Ирма.
САД денеска одбележуваат 16 години од стравичните координирани терористички напади, кои на 11 септември 2001 година го шокираа целиот свет.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди на деструктивната моќ на ураганот Ирма, кој достигна четврта категорија и забрзано се движи кон Флорида.
Кубанските власти известуваат дека дел од општините изгубиле електрична енергија, а извршена е евакуација на населението. Во меѓувреме се евакуира и населението во Флорида, а во сојузната држава беа затворени и две нуклеарни централи.
Ураганот Ирма, кој го достигна петтиот степен на скалата Сафир Симпсон се упати синоќа кон северното крајбрежје на Куба на патот кон Флорида, оставајќи зад себе пустош на повеќе карипски острови и 21 жртва.