Европските држави од НАТО и Канада се очекува оваа година да ги зголемат одбранбените расходи за 4,3 отсто или шест милијарди долари, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека украдениот полициски хеликоптер испукал две гранати врз зградата на Врховниот суд во Каракас истакнувајќи дека е спречен терористички напад со цел негово симнување од власт.
Републиканското мнозинство во американскиот Сенат одложи синоќа гласање за предлог законот со кој требаше да се укине и замени Обамакер.
Добар дел од светот се уште се опоравува од последната глобална финансиска криза, а веќе се приближува следната, тврдат угледни економисти за „Индепендент“.
Тројца новинари на Си-Ен-Ен дадоа отказ поради скандалот со напис за наводни врски на штабот на Доналд Трамп и неговиот соработник Ентони Скарамуци со Руски фонд за директни инвестиции (РФПИ), објавија американски медиуми.
Кипар потпиша договор со конзорциум со учество на Мелко Интернешанл, Хард Рок и кипарскиот холдинг СиЕнЕс груп за изградба на казино, кое според официјални претставници ќе биде најголемото казино во Европа.
Врховниот суд ќе и дозволи на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја применува забраната за патување во САД на патниците од шест поголеми муслимански земји, со што се поништени сите одлуки на пониските инстанци.
Претседателот на САД, Доналд Трамп не одржа ифтар вечера по завршувањето на Рамазан и на тој начин ја прекина долгогодишната муслиманска традиција во Белата куќа.
Лидерот на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјавил дека за шест месеци ќе стане премиер, открива лондонскиот весник „Метро“, повикувајќи се на изјави блиски до овој политичар.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го отфрли барањето на водечките арапски земји да ги повлече турските сили од катар, оценувајќи го како „неучтиво“.