Какви промени ќе им донесе на 79-те милиони жители на Туција новиот устав со 18 членови, кој ќе го замени актуелниот, донесен во 1982 година?
Неколку илјади лица синоќа се собраа на улиците на Истанбул и неколку други турски градови за да го изразат своето незадоволство од резултатите од референдумот за уставни измени во Турција.
Според весникот Ердоган успеал да ги убеди повеќето Турци дека на земјата и треба нов Устав за да се обезбеди политичка стабилност и силен претседател (мислејќи на себе) за да се „галванизира државата“ и за да се елиминираат „непријателите“.
Првичните извештаи на меѓународните набљудувачи кои го надгледуваа референдумот во Турција, одразуваат пристрасност заснована на предрасуди, се вели во соопштение од турското МНР.
– Референдумот беше одржан во нефер услови во кои двете страни во кампањата немаа еднакви можности, изјави Везар Флорин Преда од заедничката мисија на ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ.
Главната опозициска партија во Турција, Народно-републиканската партија ја повика Врховната изборна конисија да го поништи вчерашниот референдум за уставни измени.
Австрискиот министер повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство.
Меѓународните набљудувачи сметаат дека референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди, изјави Тана де Зулуета, претставникот на ОБСЕ.
Турскиот народ донесе историска одлука со тоа што кажа „да“ на промените на Уставот, со кои се зголемуваат надлежностите на претседателот, изјави синоќа во Истанбул турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека на референдумот за измени на Уставот за воведување претседателски систем победиле поддржувачите на измените со 1,25 милиони гласови.