Британската полиција утринава изврши рација во една куќа во Бирмингем во врска со нападот во Лондон и уапси седум лица, објавија британските медиуми.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека нападот пред британскиот парламент нагласува потреба за заедничка борба против тероризмот.
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека полицијата го знае идентитетот на напаѓачот, кој вчера со автомобил удри во пешаци и уби три лица пред Парламентот во Лондон.
Британскиот пратеник Тобијас Елвуд, кој се обиде да го спаси прободениот полицаец пред Парламентот, медиумите го прогласија за „апсолутен херој“.
Британската премиерка Тереза Меј е на безбедно место откако напаѓачот беше застрелан во близина на Парламентот од полицијата.
Според неофицијалните информации пренесени од страна на Британските медиуми, досега загинале четири лица а над 20 се повредени.
Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер денеска беше формално именуван за 12. претседател на Сојузна Република Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Шкотскиот Парламент на посебна седница денеска треба да се изјасни за нов, втор по ред, референдум за независност на Шкотска, што би требало да се одржи на есен идната година или во текот на пролетта 2019.
Русија на Балканот е само воен, но не и економски фактор, смета европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон за финансирање на американската вселенска агенција НАСА.