Првичните извештаи на меѓународните набљудувачи кои го надгледуваа референдумот во Турција, одразуваат пристрасност заснована на предрасуди, се вели во соопштение од турското МНР.
– Референдумот беше одржан во нефер услови во кои двете страни во кампањата немаа еднакви можности, изјави Везар Флорин Преда од заедничката мисија на ОБСЕ/ОДИХР/ПССЕ.
Главната опозициска партија во Турција, Народно-републиканската партија ја повика Врховната изборна конисија да го поништи вчерашниот референдум за уставни измени.
Австрискиот министер повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство.
Меѓународните набљудувачи сметаат дека референдумот во Турција не е согласно меѓународните стандарди, изјави Тана де Зулуета, претставникот на ОБСЕ.
Турскиот народ донесе историска одлука со тоа што кажа „да“ на промените на Уставот, со кои се зголемуваат надлежностите на претседателот, изјави синоќа во Истанбул турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Врховната изборна комисија на Турција соопшти дека на референдумот за измени на Уставот за воведување претседателски систем победиле поддржувачите на измените со 1,25 милиони гласови.
Наводен терористички напад врз Амбасадата на Русија во Берлин бил спречен „во последна секунда“, објави денеска весникот Билд ам зонтаг.
И православните и католичките верници ширум светот одбележуваат Велигден, а по тој повод врховните поглавари на Руската православна црква и Римокатоличката црква одржаа богослужби.
Северна Кореја лансираше ракета синоќа во близина на Синпа, на својот источен брег, а ракетата експлодира речиси веднаш откако била лансирана, изјави портпарол на Пацифичката команда на САД.