Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1 јули и ќе трае до 31 декември 2018 година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан ќе фигурира на врвот на оваа листа.
Јапонскиот император Акихито веќе втор ден по ред ги откажа своите обврски, поради здравствени проблеми.
Американскиот претседател Доналд Трамп испратил остри писма до лидерите на повеќе членки на НАТО, меѓу кои и Германија, Белгија, Норвешка и Канада, во кои ги предупредил дека мора да ги зголемат расходите за одбрана како една од обврските на членството во НАТО.
Владата на Австрија започна да подготивува мерки за заштита на јужната граница на земјата, се наведува во денешното заедничко соопштение на австрискиот канцелар Себастијан Курц, вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе и шефот на дипломатијата Херберт Кикл.
Американка која пошла да го посети својот син во затвор не очекувала дека и самата се најде зад решетки.
Ирската рок-ѕвезда Боно предупреди дека ОН и другите меѓународни институции, вклучувајќи ги и ЕУ и НАТО, се изложени на ризик, па ги повика државите да работат заедно, за да гарантираат дека овие организации ќе продолжуваат да постојат.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео в четврток ќе отпатува во Северна Кореја на преговори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави синоќа на прес-конференција портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Надбискупот Филип Вилсон (67) од австралискиот град Аделејд е осуден на една година затвор затоа што прикривал свештеник-педофил во бискупијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа соопшти дека на вчерашниот кризен состанок со најмалиот коалициски партнер во нејзината Влада, Христијанско социјалната унија (ЦСУ), по „тешка битка“ е постигнат компромис за миграцијата.
Индонезиските вкласти соопштија дека синоќа дошло до уште една голема ерупција на вулканот Агунг, кој се наоѓа на островот Бали. Во седумминутната ерупција, облаците чад се издигнале на неколку километри височина, а лавата течела до два километри од кратерот.