ИТН, која беше само шеста по бројот на освоени гласови на изборите на 8 јуни, освојувајќи само 16 од 240 пратенички места, на 29 јули доби мандат да формира влада, откако водечката централно-десничарска партија ГЕРБ и реформистите ПП не успеаја да формираат влада.
На сите собири од Владата ќе се бара да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.
Кандидатот на владејачката Социјалистичка партија, Вангел Таво е новиот градоначалник на албанското приморско гратче Химара.
Планот е „Мозаик“ да биде лансиран кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година и да се задржи во орбитата две до три години.
Американската амбасада во Босна и Херцеговина го обвини претседателот на Република Српска Милорад Додик за манипулација со државни средства, објави регионалната телевизија Н1.
Стотици пожарникари од цела Хрватска, голем број канадери и авиони за гаснење пожари и денеска се борат со пожарите во Далмација, а најтешко е кај Тучепи и Подгора каде што огнената стихија беснее уште од вторник навечер.
Пристаништето Росенец, недалеку од Бургас, е единствениот специјализиран нафтен терминал на бугарското крајбрежје на Црното Море. Под контрола на Лукоил е од 2011 година, кога руската компанија доби концесија за 35 години.
„Ви го честитам, во име на Владата на Република Србија и во свое име, Илинден-празникот на македонската национална заедница во Србија и на македонскиот народ во целина“, порача српскиот премиер Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.
Директорката на српскиот Институт за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ Верица Јовановиќ изјави дека зголемениот број на заразени со коронавирус во Србија засега не значи препораки на Батут за „затворање“, јави дописникот на МИА од Белград.
По средбата со амбасадорите на групата Квинта, која ја сочинуваат Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Велика Британија, Курти порача дека слободата на движење и владеењето на правото не ги загрозуваат мирот и безбедноста во државата.