Нема извесен победник на парламентарните избори во Бугарија одржани денеска – новата партија „Има таков народ“ на бугарскиот ТВ водител и шоумен Слави Трифонов е во минимално водство пред десничарската ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, покажуваат резултатите од излезните анкети.
Партијата „Има таков народ“ на телевизискиот водител и шоумен Слави Трифонов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија , според податоците на агенцијата Галуп од паралелното пребројување на 90 проценти од гласовите.
Паралелното пребројување покажува дека победник на овие избори е партијата „Има таков народ“. Гласовите од странство сè уште не се пристигнати, изјави заменик-претседателот на партијата Тошко Јорданов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, лидерот на бугарските социјалисти Корнелија Нинова најави дека нема да поднесе оставка по изборите, бидејќи сега БСП и Бугарија имаат поважни задачи, како што е оваа земја да има функционална влада.
Првото место на предвремениоте избори во Бугарија нема да биде познато до утре наутро, ниту третото и четвртото место не се сигурни. Со таков став е социологот Парван Симеонов од Галуп Интернешнл во изјава за бугарската Нова ТВ.
Експертот за финансиски пазари Елвин Мека објаснува дека и покрај тоа што домашниот пазар е ликвиден, извршната власт ја користи ситуацијата на странските пазари насочувајќи се кон поповолни интереси за да обезбеди поевтин долг.
Бугарската политичка партија „Има таков народ“ на шоуменот и ТВ водител Слави Трифонов нема да ги коментира резултатите вечерва, и најверојатно тоа ќе го стори утре.
Во нивиот бугарски парламент најверојатно ќе има шест партии, а победникот на предвремените парламентарни избори и „освојувачите“ на третото и четвртото место е тешко да се утврдат врз основа на излезните анкети што беа доцна попладнево објавени во Софија.
Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, смета дека на Босна и Херцеговина и е потребен закон кој ќе го казнува и спречува негирањето на геноцидот и со кој се третира глорификација на воените злосторници.
Од почетокот на изборната кампања во Бугарија, до 15 часот денеска (по локално време), Министерството за внатрешни работи на таа држава добило вкупно 982 сигнали за кршење на изборното законодавство и политичките права на граѓаните. Ова го соопшти МВР на Бугарија.