Признавањето не е дел од дијалогот, но секако логичен резултат од нормализацијата би било признавање.
Одлуката на српските власти за укинување на црвеното ниво на закана за безбедноста ќе биде донесена утре откако ќе биде анализирана безбедносната состојба.
Познатиот албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во болница во Тирана од срцев удар на 88-годишна возраст, јавија албанските медиуми.
Говорејќи вчера на состанокот на централниот комитет на ПАСОК, предложи изборите за претседател на партијата да се одржат на 6 октомври, а вториот круг доколку е потребно, да биде една седмица подоцна и паралелно соопшти дека одново ќе биде кандидат за лидер
Дачиќ во изјава за белградски медиуми нагласи дека нејзиното сведочење потврдило дека се работи за терористички чин, пренесе Бета.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група - ГЕРБ-СДС.
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, во текот на летната туристичка сезона, од денеска, 1 јули до 1 септември годинава, секојдневно ќе работат со своите колеги во Црна Гора - Бар, Будва и Херцег Нови.
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел.
По нападот на полицаец пред израелската амбасада и смртта на напаѓачот, кој беше оквалификуван како терорист, Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ изјавија дека Србија е безбедна земја и на европско и на светско ниво.
Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина стапува денеска во сила чија цел е да се овозможи повластен пристап до кинескиот пазар за производи од српско потекло, јавија српските медиуми.