Амбасадорот на Израел во Србија Јахел Вилан денеска изјави дека нема оправдување за терористичкиот акт што се случи вчера во Белград, како и за какви било други напади, врз кое било население во кое било време и каде било во светот, јави дописникот на МИА од Белград.
Според него, она што е неспорно за сите тие луѓе е дека припаѓаат на вехабистичкото екстремистичко движење.
Пленковиќ во објавата наведе дека го информирал турскиот министер, кој учествува на конференцијата Дубровник форум, за статусот на хрватскиот капетан Марко Бекавац кој се наоѓа во истражен затвор во Турција.
На 20 јуни, по 42 круга на последователно гласање, беа избрани тројца митрополити кои денеска ќе се борат за местото патријарх на Бугарската православна црква.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување, јави дописникот на МИА од Белград.
Грбин истакна дека партијата гласала Милановиќ да биде нејзин кандидат на претседателските избори, иако немало целосна согласност по ова прашање.
Иако нема непосредна закана од сличен напад во Република Српска, наложен е сет на превентивни мерки и интензивирана соработка со другите полициски агенции во смисла на размена на оперативни информации, се вели во соопштението на МВР, пренесе Н1
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека Резолуцијата за Јасеновац, која вчера ја усвои црногорскиот Парламент, испраќа намерна политика на поделба во рамките на земјата.
Лазовиќ е осомничен дека за време на војната во Косово во 1998-99 година извршил злосторства врз цивилното население во селото Панорц, општина Малишево.
Тој порача дека „државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам“.