Дејан Драгијевиќ (50) минатата недела е уапсен под сомнение дека заедно со Срѓан Јаковиќ ја убиле малата Данка Илиќ. Полицијата наводно се сомнева дека телото на Данка можеби е дури и закопано на гробиштата.
Таткото на Срѓан, Душан Јанковиќ би можел да биде еден од сведоците во обвинителството. При потрагата по телото на девојчето, тој соработувал со полицијата и ги однел на секое место каде семејството има куќа или земјиште, за да може детално да се пребара.
Исчезнувањето на девојчето беше пријавено на 26 март, а беше утврдено дека била жртва на сообраќајна несреќа, но и монструозно злосторство од двајцата извршители кои нејзиното тело првично го фрлиле на дива депонија.
Можноста преку Грција да се отвори јужен коридор за железничко, патно или енергетско поврзување на југот со северот, ја истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнувањето на Самитот на Иницијативата Три мориња, што се одржува во Вилнус, јави дописничката на МИА од Атина.
-До утре до 12 часот треба да ми испратат предлог како да продолжам да работам на имплементација и препораки на ОДИХР за повеќе да не си играме мачка и глушец. Ќе ја усвојам секоја нивна сугестија како понатаму, изјави Брнабиќ.
Светска банка проценува дека во оваа календарска година се очекува економскиот раст во Албанија да биде 3,3 отсто, во контекст на ограничените финансиски услови на меѓународните пазари и ограничениот економски раст во Европа.
Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, по третата неуспешна средба меѓу претставниците на власта и опозицијата за подобрување на изборните услови, рече дека меѓународната заедница е против идејата за бојкот на изборите, јави дописникот на МИА од Белград.
Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, на прес-конференцијата по средбата рече дека тие го напуштиле „т.н. состанок“.
Од Стопанската комора на Србија (ПКС) соопштија дека до 2 април годинава 2.239 граѓани побарале ИД број на Отворен Балкан за слободен пристап до пазарот на трудот на Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.
Безбедносните сили на Косово (БСК) денеска добија донација од Германија од пет воени камиони од компанијата „Рајнметал“ во вредност од 2,7 милиони евра, а најавено е дека ќе бидат купени уште десет такви возила за БСК.