Еден маж веќе два часа стои на покривот на двокатна зграда наспроти покраинската Влада во Нови Сад и се заканува дека ќе скокне, притоа постојано фрлајќи одозгора градежен материјал и облека.
Група граѓани, организирани од директор на едно училиште и новинар, преку социјалните мрежи синоќа организираа акција во грчкиот град Лариса за помош на ранливите групи граѓани, но и за затворениците од Лариса, во пресрет на зимата. Следејќи го светскиот пример, граѓаните, на дрвјата на централниот градски плоштад оставија јакни за оние на кои им се потребни.
Косовските Срби денеска на пладне ќе организираат мирни едночасовни протести по повод одлуката на Приштина да воведе такси од 100 отсто на производите од Србија.
Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и упасиле четири лица.
По наредба на началникот на грчката полиција, вкупно 13 лица вработени во одделот одговорен за издавањето на нотесот за 2019, биле преместени во други служби, поради мапата на која пишувало Македонија и Северен Кипар.
Дилер на дрога е убиен, а еден полицаец е полесно повреден во вооружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина, јави дописничката на МИА од Атина.
По денешните насилни протести пред албанскот Парламент и вечерашното блокирање на улици, албанскиот претседател Илир Мета побара итно Владата да разговара со жителите од населбата Астир и да се најде решение за проблемот.
Спасувачкиот фонд на еврозоната го одобри денеска спроведувањето на големиот план за олеснување на грчкиот долг, кој треба да и даде на Атина можност да наталожи значителни заштеди за неколку децении.
Претседателот на Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина, Вјекослав Вуковиќ изјави денеска дека во БиХ се загрозени 10.000 работни места откако Приштина воведе 100-процентни царини на производите од таа земја.
Пораката на Брисел по повод зголемувањето на царините за српските стоки при увоз во Косово е дека очекува Приштина да ги повлече тие мерки, а обете страни да се воздржат од провокации, изјави Маја Коцијанчиќ, портпаролка на високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.