Маријана Николова денеска е избрана за нова заменик-премиерка на Бугарија, на местото на Валериј Симеонов, кој поднесе оставка откако беше обвинет за навреда на активистите за заштита на правата на лицата со инвалидитет.
Алтернативниот министер за финансии на Грција, Јоргос Хулиаракис денеска на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис му го достави Предлог-буџетот на земјата за 2019 година.
Владата на Косово одлучи попладнево да ги зголеми таксите на производите кои се увезуваат од Србија за 100 отсто, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека и натаму ќе проодлжи да патува во странство со пасошот на Република Србија, нагласувајќи дека БиХ е само негово работно место.
Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца порача дека Албанија треба што поитно да ги донесе изборните реформи.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по воведување на новата такса од 100 отсто на производите од Србија, објави преку Фејсбук дека Владата денеска одлучила и да се спречи увозот на сите производи во чија документација не пишува дека се увезуваат во Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска попладне ќе оствари вонредни средби со амбасадорите на Кина, Русија, ЕУ и членките на Квинтата, а за подоцна закажа и седница на Советот за национална безбедност, по повод најновите мерки на Приштина, соопшти Кабинетот на шефот на државата.
Владејачкото мнозинство и опозицијата мора да побрзаат да постигнат заеднички договор за изборните реформи, порача амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард.
Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави денеска дека одлуката на косовската Влада за зголемувањето на таксата за увоз од Србија за 100 отсто е „во рамки на напорите да се гради една достоинстена косовска држава“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го гласањето за прием на Косово во Интерпол, изјави дека не е изненаден како вчера во Дубаи земјите од регионот гласале, наведувајќи ги Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Бугарија како земји кои гласале за приемот на Приштина, а Унгарија како пријателска земја која се воздржала.