Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, по денешниот неуспех на Косово да се зачлени во Интерпол, изјави дека претседателот на државата Хашим Тачи и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли денеска не беа во Дубаи како учесници на Генералното собрание на Интерпол, туку „како припадници на шоу-бизнисот“, јави дописникот на МИА од Приштина.
За обид за насилство ќе одговара пред Кривичниот суд во Атина, 39-годишен маж, член на анархистичката група „Рубикон“, кој вчера беше уапсен, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Поранешниот сопственик на Агрокор Ивица Тодориќ денеска уплати кауција од еден милион евра, со што му е овозможено во текот на денот да излезе на слобода од истражниот затвор, во кој се наоѓа по екстрадицијата од Лондон.
Грчката крајбрежна служба, во северниот дел на Егејското Море, рано утрово, спаси 34 нелегални мигранти, меѓу кои 13 деца, кои со чамец пловеле кон грчкиот град Александруполи, објавија локалните медиуми од општина Еврос.
Албанија и Грција ќе се поврзат со железничка линија преку изградба на пруга од Лерин преку Костур до Подградец.
Речиси 10 години слепо девојче живеело затворено во кафез, две аутистични сестри живееле едната во кафез, другата врзана за кревет, 10 деца со Даунов синдром кои не знаат да одат, се само дел од судбините на децата со попреченост сместени во специјалниотЦентар за грижа на грчкиот полуостров Пелопонез, кои ги денес ги објавува грчкиот весник „Етнос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Амбасадите на САД во Белград и на Велика Британија во Приштина, оценија дека одлуката Косово да не се прими во Интерпол е разочарувачка, додека амбасадорот на Русија, Александар Чепурин му честиташе на српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, за „одличната работа во Дубаи“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на телевизијата „Хепи“ објасни како Груевски избегал од Македонија, односно кога и како поминал низ Србија на пат кон Унгарија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа потврди дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски влегол во Унгарија од Србија на граничниот премин Хоргош.
Владата на Косово објави дека „зачленувањето на полицијата на Косово во Интерпол пропадна“ и изрази „големо разочарување поради тоа што на Косово не му се овозможи да биде дел од светското семејство на полициите, кои се борат против меѓународниот криминал“, јави дописникот на МИА од Приштина.