Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, најави дека кога неговата партија ќе дојде на власт ќе распише референдум за враќање на смртната казна во земјата.
На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле.
Бројот на бегалци, кои се сместени во центрите на грчките вооружени сили на островите Кос, Лезбос, Самос и Хиос и во градот Серес, останува исклучително висок.
Стравувањата на одделни европски официјални претставници дека Балканот би можел одново да западне во судири, доколку наскоро не биде прифатен од ЕУ, не се неосновани, оценува американската агенција АП, која тврди дека расте руското влијание на Балканот, во балтичките земји и во Централна Европа.
Албанската база во Кучово, која одамна е „гробишта на авиони", кои некогаш биле дел од воздухопловството, ќе стане нова воздухопловна база на НАТО.
Германската канцеларка Ангела Меркел по денешната средба со словенечкиот премиер Марјан Шарец изјави дека е подготвена да помогне при решавањето на словенечко- хрватскиот спор за границата, и ги пофали напорите на Словенија за заштита на границите на Шенген, пренесе агенција СТА.
Тимот на обвинителството, кој го испитува пожарот во Атина на 23 јули, во кој загинаа 99 лица, повика 20 грчки функционери како осомничени идната недела да дадат исказ за тоа.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, кој го пренесе предлогот на претседателот Владимир Путин да ја посети Србија во јануари.
Преставниците на опозициските партии во Србија денеска се согласија заедно да се борат за спроведување фер и слободни избори, како и за рамноправен третман во медиумите.
Стотици граѓани, роднини, пријатели и колеги денеска се простија од убиената бугарска новинарка Викторија Маринова на погребот во нејзиниот роден град Русе.