Стотици демонстранти кои носеа хрватски знамиња, синоќа излегоа на улиците во Мостар протестирајќи против изборот на умерениот политичар Жељко Комшиќ за хрватски член на тричленото Претседателство на Босна и Херцеговина.
Доколку бидат прифатени предложените измени на Деловникот за работа на српското Народно собрание, пратениците во иднина не ќе можат да преминуваат од една во друга пратеничка група, а доколку сепак решат да ги напуштат своите партии ќе мора да дејствуваат како независни пратеници, објави белградскиот весник „Вечерње новости“.
Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ во рамки на работниот престој во Вировитичко-подравската жупанија, го посети Прифатилиштето за животни. При обиколката, Кика, шестмесечна женка лабрадор, и го привлече вниманието и тоа ќе стане „првото куче“ на Хрватска.
Истражувачи на Националното истражувачко биро на Словенија (НБИ) вчера извршија претреси во домови во повеќе словенечки градови, поврзани со пријави за корупција во здравството при набавка на медицинска опрема и материјали.
Шефот на пратеничката група на најголемата опозициска партија во косовското Собрание, Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти смета дека единственото решение за институционалната криза во која се наоѓа земјата е итното заминување од власт на владејачката коалиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанската Влада до крајот на годината ќе ги затвори сите казина и спортски обложувачници во градовите и истите ќе ги дислоцира надвор од населените подрачја за да спречи зголемување на нивниот број, посебно во Тирана.
Неуспешното продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина на 7 септември во Брисел, односно одбивањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ да се сретне со неговиот косовски колега Хашим Тачи, го одбележа почетокот на блокадата на неколкугодишниот процес на дијалог за постигнување договор за споровите меѓу Косово и Србија, објави денеска „Газета Експрес“.
Албанскиот претседател Илир Мета, на последниот ден од превидениот рок, денеска вторпат до Парламентот го врати законот за уривање на Националниот театар.
Претседателот на косовското Собрание и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по денешната средба со претставници на неколку парламентарни партии, порача дека „Косово треба да биде обединето“ кога е во прашање дијалогот со Србија за конечно решавање на споровите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовските опозициски партии нема да учествуваат на средбата свикана од претседателот на Собранието Кадри Весели за хармонизација на резолуцијата предложена од владејачките партии за дијалогот меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.