Доколку Албанија постигне договор со Грција за морската граница меѓу двете земји, тој ќе биде ратификуван во Парламентот во Тирана, без да се чека Уставниот суд да стане функционален, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.
Во Србија денеска се одбележува 18-годишнината од големите демонстрации во Белград на 5 октомври 2000 година, со кои беше ставен крај на децениското владеење на Слободан Милошевиќ.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг утре ќе допатува во посета на Србија, каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ, а ќе учествува и на Белградскиот безбедносен форум, што ќе се одржи в понеделник.
Портпаролот на меѓународните сили во Косово (КФОР), Винченцо Грасо ги отфрли како нелогични тврдењата на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, дека, наводно, западните сили се подготвуваат за напад во северниот дел на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Главен безбедоносен проблем на Србија и најголемата закана за мирот се обидите за создавање на „Голема Албанија“, нова држава која би морала да ја опфати територијата на денешна Албанија, делови на Србија, Македонија, Црна Гора, како и еден дел на Грција, изјави денес српскиот министер за одбрана Александар Вулин.
На дводневниот министерски состанок на Европската унија за Западен Балкан, што се одржува во Тирана, европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос, потпиша низа договори потврдувајќи ја силната соработка помеѓу Унијата и регионалните партнери во управувањето со границите, борбата против тероризмот и организираниот криминал.
Постои ризик од војна на Западниот Балкан, доколку ЕУ направи да изчезнат надежите на земјите од регионот за членство во Унијата, оцени денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Договорот од Преспа секако дека е жив. И двете страни, и поранешната југословенска Република Македонија и Грција, се решени да се борат за договорот да стапи во сила, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз247”.
Најголемата албанска опозициска Демократска партија порача дека ниту побарала ниту ќе побара пазарење со премиерот Еди Рама и оти целта на седумте точки во платфромата на опозицијата за ветингот е спроведување на Уставот.
Албанската министерка за одбрана Олта Џачка, на состанокот на министерите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, упатила покана до првите луѓе на алијансата и нејзните колеги, еден од состаноците на идентично ниво следната година да се одржи во Тирана.