Српската премиерка Ана Брнабиќ и шефот на косовската дипломатијата Беџет Пацоли на кусо се сретнаа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, јави дописникот на МИА од Белград.
Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг.
Во обраќањето на годишниот самит „Конкордија“ во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓудругото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името. Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на приемот одржан во хотел во центарот на Атина, присуствуваа генералниот секретар од грчкото МНР како и неколку директори од Министерството, советникот на претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис и еден од советниците за надворешна политика на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Европската служба за борба против измами (ОЛАФ) почна истрага во Грција за евентуална злоупотреба на средства на Европската унија наменети за бегалци.
На Пељешац во текот на ноќта е запрено ширењето на пожарот и моментално нема големи отворени огнови кај местото Оребиќ, но пожарот е далеку од изгасен.
Состојбата на Пељешац, каде горат пожари кои ги гасат стотици пожарникари и припадници на армијата, е многу тешка, изјави потпретседателот на хрватската Влада Дамир Крстичевиќ.
Сите гости се безбедни и хотелот продолжува непречено да работи, соопшти вечерва управата на белградскиот хотел Хилтон по пожар поради кој беше евакуирана зградата попладнево.
Употребата на пластични кеси ќе биде забранета во Белград од 1 јануари 2020 година, одлучија денеска одборниците во Собранието на градот.
Во хотелот Хилтон во Белград попладнево, околу 18 часот, се огласија пожарните аларми, по што следуваше евакуација.