Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека не е можно Белград да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија.
Најмалку 150 државјани на Босна и Херцеговина се пожалиле на кражба на личните податоци, тврдејќи дека некој без нивно знаење ги регистрирал за гласање во странство на претстојните општи избори во земјата. соопшти невладината организација „Под лупа“. кој ги следи предизборната кампања и целиот изборен процес.
Лидерот на Демохристијанската партија, која е дел од обединетата албанска опозиција, Нард Ндока изјави дека опозициските партии нема да учествува на локалните избори, доколку не се спроведе процес на проверка на потеклото на имотот на политичарите и нивна евентуална поврзаност со криминални групи,
Главниот обвинител на Косово, Александар Луземи покрена обвиненија против 12 лица, вклучително и високи државни службеници, за злоупотреба на пензискиот фонд, наведувајќи дека осомничените регистрирале илјадници лажни воени ветерани, кои илегално добивале пензии во вредност од милиони евра.
Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“ денеска го имаше првиот пробен лет.
Повеќе од 44 милиони патници ги искористија грчките аеродроми во периодот од јануари до август 2018 година, што претставува зголемување за 9,9 проценти во однос на истиот период минатата година, пишува „Катимерини“.
Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе ги преиспита односите со Европската унија доколку во Брисел почне да се менува мислењето за проширување.
Нов началник на Генералштабот на Армијата на Србија е генерал-мајор Милан Мојсиловиќ, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со министерот за одбрана Александар Вулин и претставниците на воениот врв.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека нема „скриено руско влијание“ во соработката на Република Српска со Русија.
Речиси половина милион лица, автомобили и простории беа проверени минатата недела за време на меѓународната полициска операција координирана од Европол и ЕМПАКТ Фајерармс во рамките на борбата против криминалот, со потекло од Западен Балкан.