Шефот на грчката дипломатија утре ќе присуствува на свеченото отворање на реновираниот објект на Генералниот конзулат на Грција во Измир, на кое ќе биде и неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, а ќе ја искористат можноста да остварат билатерална средба, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција.
Во Босна и Херцеговина пред Апелацискиот суд почнува обновениот судски процес на воениот командант на тн Армија на БиХ во Сребреница, Насер Ориќ и неговиот соработник, Сабахудин Мухиќ.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека се бара решение за косовското прашање и оти разграничувањето со Албанците е само една идеја, но дека нема други идеи.
Претседателството на Собранието на Косово одлучи вонредната седница, свикана на барање на опозицијата за расправа во врска со дијалогот со Србија и иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“, да се одржи утре со почеток во 10:00 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Закотвени на пристаништата од 6 часот утрово се сите грчки бродови поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација на Грција.
Грчките медиуми, без дополнителни коментари или анализи, само со променети наслови, го пренесоа текстот од ИБНА или од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина,.
Даночната полиција за првите седум месеци оваа година открила 102 „фантомски“ и „пералници“ претпријатија, кои претставуваат главен извор на сивата економија, што е за дури 36 отсто повеќе од истиот период лани, изјави за „Вечерње новости“ Драгана Марковиќ, директорка на Даночната управа на Србија.
Против Договорот од Преспа, на мирен и решителен начин, без партиски обележја и без говорници, грчките организации од дијаспората и „Комисиите за борба за Македонија“ ги повикуваат Грците во сабота, во 19 часот, да излезат на протест во Солун, за време на отворањето на Меѓународниот саем.
Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА.
Хрватска во водите на Медитеранот ќе го испрати денеска првиот контигент свои војници што ќе бидат дел од НАТО операција за поддршка на мирот „Sea Guardian“.