Шефот на грчката дипломатија утре ќе присуствува на свеченото отворање на реновираниот објект на Генералниот конзулат на Грција во Измир, на кое ќе биде и неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, а ќе ја искористат можноста да остварат билатерална средба, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција.
Коѕијас и Чавушоглу ќе разговараат за прашања поврзани со билатералните односи.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, ова ќе биде прва средба на Коѕијас и Чавушоглу по ослободувањето на двајцата грчки војници.