Во Босна и Херцеговина пред Апелацискиот суд почнува обновениот судски процес на воениот командант на тн Армија на БиХ во Сребреница, Насер Ориќ и неговиот соработник, Сабахудин Мухиќ.
Поради повеќето важни повреди на кривичната постапка, Алепацискиот суд во почетокот на јуни ја укина пресудата за ослободување на Ориќ и Мухиќ и наложи повторно судење.
Тие се обвинети дека во 1992 година во местата Залазје, Лолиќ и Куњерац убиле тројца заробени Срби: Слободан Илиќ, Милутин Килошевиќ и Митар Савиќ.