Од вчера започна процесот на уривање дивоградби во областа Атика што се наоѓаат на брегот на морето, во шумски делови и врз речни корита, соопштуваат од Министерството за животна средина и енергија на Грција.
Италјанската полиција во водите на Јадранско Море,кај Отранто запленила 700 килограми марихуана и уаспила двајца албански државјани.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на Собранието Кадри Весели и другите државни раководители им го честитаа на косовските граѓани гласањето за визна либерализација во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања – ЛИБЕ на Европскиот парламент (ЕП), јави дописникот на МИА од Приштина.
Фактот дека германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за Косово и што дадоа поддршка за разговорите кои водат кон решавање на ова прашање е голем исчекор и доказ дека работите се промениле и тоа во корист на Србија, изјави за „Блиц“ шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Панос Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена.
По повеќе од еден месец по катастрофалните пожари во западниот дел на областа Атика, дополнително се зголеми бројот на жртвите и изнесува 98 лица, откако 83-годишна жена им подлегна на повредите во една атинска болница.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по сребата на државниот врв на Косово што се одржа утрово во косовското Собрание, им изјави на новинарите дека е постигнат договор во Брисел да не се расправа за размена на територии меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, во најголем дел, го презедоа текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, а акцентот го ставија како на изјавата на министерот за надворешни работи за референдумот, но и на одговорот до грчкиот евро пратеник во однос на македонскиот јазик и идентитет.
Министерката за европски интеграции на Косово, Дурата Хоџа им честита на косовските граѓани за позитивната одлука на Комитетот ЛИБЕ на Европскиот Парламент (ЕП) за визна либерализација и изрази надеж дека визите ќе се укинат до крајот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај, претседателот на Собранието Кадри Весели и вицепремиерите Беџет Пацоли, Фатмир Лимај и Дардан Гаши се собраа претпладнево на состанок во косовското Собрание.