Од вчера започна процесот на уривање дивоградби во областа Атика што се наоѓаат на брегот на морето, во шумски делови и врз речни корита, соопштуваат од Министерството за животна средина и енергија на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во првата фаза ќе бидат урнати 22 дивоградби, а багерите од вчера работат со полна пареа.

По трагедијата во западниот дел на областа Атика и катастрофалните пожари во кои животот го загубија 98 лица, грчката влада донесе одлука за итно уривање на дивоградбите кои во одреден степен одиграа своја негативна улога, попречувајќи го излезот кон море за граѓаните кои бараа начин да се спасат од огнените јазици на 23 јули годинава.

Планирано е да се урнат 3200 дивоградби.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 15:45