По повеќе од еден месец по катастрофалните пожари во западниот дел на областа Атика, дополнително се зголеми бројот на жртвите и изнесува 98 лица, откако 83-годишна жена им подлегна на повредите во една атинска болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека до овој момент, бројот на идентификувани загинати лица изнесува 83, а од хоспитализираните во болниците во Атика, на повредите им подлегнале 15 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2018 11:44