Ако политичките сили во земјата гласаат врз основа на јасни политички критериуми и идеологии, Договорот ќе помине со доста широко парламентарно мнозинство, вели министерот без ресор и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за државната телевизија ЕРТ.
Албанскиот национален авиопревозник „Ер Албанија“ првиот лет ќе го има во првата недела од септември.
Извори од кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи тврдат дека на наредната средба со српската страна во Брисел, што треба да се одржи во септември, ќе се разговара за барањето на Албанците од Прешевската Долина за обединување со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Завршувањето на третата последна програма со финансиска помош за Грција, а со тоа и излезот на земјата од меморандумите стана дел од секојдневниот живот на Грците.
Две лица загинаа, а трето е сериозно повредено, при судар на два товарни воза во јужна Босна, информира локалната полиција.
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, по повод барањето на косовскиот премиер Рамуш Харадинај да се почне со работа на обележување на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека „меѓу Косово и централна Србија не постои граница, туку административна линија и оти не може да дојде до демаркација“.
Потпишувањето на правно обврзувачки документ со Косово подразбира промена на Уставот на Србија, потврдуваат соговорниците на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Протести против Договорот од Преспа организираат здруженијата од грчката дијаспора и „Комитетот за борба за Македонија“ на 8-ми септември, односно на денот кога свечено ќе биде отворен 83. Меѓународен саем во Солун и свое обраќање ќе има грчкиот премиер.
Според најновите проценки, воведување задолжителен воен рок во Србија од 2020 или 2021 година, што државата на големо го разгледува, би чинело 700 милиони евра.
Од почетокот на неделата вирусот на западнонилска треска е регистриран во шест нови општини во Грција, со што бројот се зголеми на 39. Минатата година бројот на погодени општини беше 10.