Потпишувањето на правно обврзувачки документ со Косово подразбира промена на Уставот на Србија, потврдуваат соговорниците на Радио Слободна Европа (РСЕ).

И покрај тоа, ниту во Владата ниту во Канцеларијата за Косово ниту во Собранието на Србија немаат никакви информации дека некој се занимава со тоа.

Министерството за правда, како што одговорија за РСИ во писмена форма, се занимава со уставни измени кои се исклучиво поврзани со судството.

Од Владата на Србија изјавија за РСЕ дека никој не се занимава со промена на Уставот во однос на Косово, додека од Канцеларијата за Косово не одговорија.

Се уште е во официјалниот речник на српските официјални лица, Косово е „јужна српска покраина", иако, всушност, веќе 20 години не е тоа.

Според сегашниот Устав, Косово е дел од Србија, а границите по 1999 година,откако институциите на државата Србија не се присутни на територијата на Косово, се нарекуваат административни. Секоја промена исто така бара и промена на Уставот на Србија.

Гордана Чомиќ, потпретседател на парламентарен Одбор за уставни прашања и законодавство, вели дека не знае дека некоја институцијата или експертски тим се занимава со уставни одредби за Косово.

"Тоа не е тема во нашата домашна јавност, ниту во европската јавност ниту во партнерските места каде се одлучува, како што се Москва или Вашингтон. Уставот и преамбулата никаде и за никој не се тема", вели Чомиќ.

Сепак, како што објаснуваат соговорниците на РСЕ, ќе има работа и за тоа.

Од Уставот, Косово мора да биде избришано, ако се утврдуваат границите, вели Богољуб Милосављевиќ, професор по уставно право од Белград.

"Демаркацијата, во смисла на признавање на независноста на Косово, никогаш не можеше да се направи без промена на Уставот. Пред се оној дел во кој пишува дека Република Србија во својот состав има две автономни покраини - Војводина и Косово и Метохија. И Преамбулата на Уставот треба да се менува, бидејќи создава одредени обврски за државните власти во однос на Косово и Метохија", објаснува Милосављевиќ.

Во уставот на Србија од 2006 година, Косово е експлицитно е споменато трипати.

Прво, во Преамбулата, потоа во членови за територијалната организација што ја дефинира положбата на автономните покраини. Преамбулата во која се споменува Косово не е обврзувачки дел од Уставот.

Дали преамбулата треба да се менува или целосно да се избрише, постојат различни ставови во стручната јавност.

Во нормативниот дел од Уставот, Косово мора да се избрише, вели Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи.

"Мора од законите на Србија и уставниот систем да се исклучи зборот Косово.Сепак, нема многу промени во самиот текст на Уставот од 2006 година", вели Јањиќ.

Разграничувањето со Косово, за кое тие зборуваат како можно решение, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и неговите соработници, значи утврдување на границите со Косово.

Членот 8 од Уставот вели дека територијата на Србија е „единствена и неделлива", а границата е „неповредлива".

Утврдувањето граница не е дел од Уставот. Тие се определени со меѓународни договори и се прецизирани во мешани комисии ако нема големи спорови, вели Јањиќ.

"Кога ќе се утврди ова, кога ќе се потврди тој договор, не само потписот на Тачи и Вучиќ во Европската унија (Хашим Тачи, претседател на Косово, Александар Вучиќ, претседател на Србија), туку и верификација преку Генералното собрание на Обединетите нации, кога тоа ќе се верификува, тоа значи дека Резолуцијата 1244 на Советот нема да важи. Тогаш мора да се пристапи кон процес на демаркација. Демаркацијата е постапка што не е дефинирана со Уставот, таа е дефинирана со меѓународните норми и е повеќе техничка акција за владите на Косово и Србија", објаснува Јањиќ.

Разграничувањето со Косово, без оглед на тоа што се подразбира, се врши според уставно утврдената постапка, вели професорот Богољуб Милосављевиќ. Одлуката се донесува со двотретинско мнозинство во Националното собрание и потврдена на референдум.

Поглавјето 35 во преговорите за пристапување во ЕУ значи дека сите отворени прашања меѓу Косово и Србија се дефинираат пред пристапувањето во ЕУ, наведува Милосављевиќ.

И прифаќањето на Србија дека Косово добива столче во ОН, значи дека статусот на Косово како независна држава не е оспорен, што значи утврдување на меѓусебната граница, вели професорот Милосављевиќ и дава пример кога принципот е напуштен. Кипар е примен во ЕУ, иако има нерешени територијални спорови. Дел од нејзината територија е под суверенитетот на друга власт.

Сепак, професорот Милосављевиќ внимателно се оградува.

"Сите ние би можеле да го знаеме сето тоа кога ќе можеме да го видиме т.н. законски обврзувачки акт, какви решенија се предвидуваат - дали тоа е еден вид на разграничување по постојната административна граница, или се работи за некоја промена на административната граница", вели Милосављевиќ.

Александар Вучиќ, кој го презеде функција претседател на државата во српскиот парламент на 31 мај 2017 година, вети:

"Се колнам дека ќе ги посветам сите мои напори за зачувување на суверенитетот и интегритетот на територијата на Република Србија, вклучувајќи го и Косово и Метохија како нејзин составен дел, како и остварување на човековите и малцинските права и слободи, почитување и одбрана на Уставот и законите, зачувување на мирот и благосостојбата на сите граѓани Република Србија и дека сите мои должности ќе ги исполнам совесно и одговорно ".



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 11:09