Извори од кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи тврдат дека на наредната средба со српската страна во Брисел, што треба да се одржи во септември, ќе се разговара за барањето на Албанците од Прешевската Долина за обединување со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Истите извори за весникот „Зери“ изјавија дека Тачи нема намера да се откаже од барањето за „корекција на границата“, кое интензивно го промовира последните неколку недели, а на што се спротивставуваат сите релевантни домашни и меѓународни фактори.

Претставници на опозицијата изјави за весникот дека Тачи, со неговото инсистирање за промена на границите, влегува во „опасна авантура“.

Според нив, опцијата за корекција на границите, која ја промовира косовскиот претседател, а индиректно се поддржува и од високи инстанци во Белград, каде се заговара размена на дел од срспската територија со северно Косово, ја ослабува преговарачката позиција на Приштина и нанесува големи штети на државноста која се градеше во изминатата деценија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 11:37