Две лица загинаа, а трето е сериозно повредено, при судар на два товарни воза во јужна Босна, информира локалната полиција.

Несреќата се случила изутринава на железничката станица во Јабланица.

Босански медиуми соопштуваат дека четвртиот човек останал неповреден, откако скокнал од еден од возовите неколку секунди пред судирот. Фотографиите покажуваат дека двата воза излетале од шините за време на несреќата. Се испитува причината за железничката несреќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/08/2018 11:17