Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас денеска оцени дека е стратешки интерес на Европската унија да се прошири на Западен Балкан, бидејќи во спротивно, Кина и Русија ќе се здобијат со влијание во регионот.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека го поддржува ширењето на НАТО во регионот, но дека секоја земја сама треба да одлучи дали ќе се приклучи кон Алијансата.
Пензиониран офицер од морнарицата на Грција поднесе прва приватна тужба против лица одговорни за големиот пожар што ја погоди источна Атика на 23 јули.
Најдобро време за набљудување на мечките е летото и почетокот на есента, кога деновите се долги, а мечките излегуваат да бараат храна, се додека не падне мрак, изјаи Миха Јернејчич од регионалниот парк Нотранска.
Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, едно лице загина, а повеќемина се повредени. Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан.
На 70-годишна возраст утрово почина поранешниот албански министер за надворешни работи и за одбрана Луан Хајдарага. Хајдарага беше еден од клучните личности во Социјалистичката партија и подолг период и нејзин втор човек.
Српските политичари не ги разбираат косовските Срби, тие не разбираат ни што би значела поделбата на Косово во пракса, ниту дека тоа ги зголемува можностите за конфликт, смета претседателот на српскиот Форум за етнички односи, Душан Јањиќ
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, без претходна најава и далеку од медиумите и новинарите, денеска ги посети населбите погодени од минатонеделниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците на хрватската Финансиска агенција (ФИНА), кон крајот на јуни во Хрватска биле блокирани вкупно 23.159 деловни субјекти со вкупен долг од 12,29 милијарди куни (1,66 милијарди евра).
Српските адвокати од денеска почнаа еднонеделен целосен прекин на работата, поради убиството на нивниот колега Драгослав Миша Огњановиќ во саботата, соопшти Адвокатската комора на Србија.