Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица.
Возач од Пожега, западна Србија, си го запалил автомобилот со бензин, револтиран оти не го минал техничкиот преглед. Возилото, инаку марка Дачиа, е изгасено со итна интервенција на противпожарните служби.
Бројот на жртви во пожарите во областа Атика, се искачи на 76, додека пак останува и понатаму непознато колку лица се исчезнати.
Албанскиот државен комитет за малцинства ја корегира грешката на веб страницата во делот резервиран за влашкото малцинство, па македонското малцинство повеќе не е Славомакедонско туку Македонско.
На 74 лица се искачи бројот на жртвите во пожарите во околината на Атина, додека пак повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека,во моментот кога ќе се дознае вистината за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, ќе се јави „голема главоболка“ во Белград, но и во Приштина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми, граѓани во очај споделуваат фотографии од нивни роднини и пријатели кои што се исчезнати од вчера и бараат помош, а грчка компанија создаде интернет платформа за пронаоѓање на исчезнати лица.
Дијалогот што се води меѓу Белград и Приштина со посредство на Брисел, мора да води кон тоа Србија да го признае Косово како независна држава, се наведува во документот на американскиот Инстинтут „Исток-Запад“, што кон крајот на јуни му бил презентиран на српскиот државен врв, тврди белградскиот весник Данас.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска прогласи тридневна национална жалост за 50 жртви од пожарите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од вкупно 1,19 милијарди евра кредити, со кои во првата половина од годината населението на Црна Гора се задолжило, 621 милион евра се готовински и ненаменски, а 367 милиони евра се станбени, соопшти Централната банка.