И покрај напорите на грчките пожарникари, силниот ветер со голема брзина го прошири огнот и голем број куќи и автомобили изгореа, дел целосно, дел претрпеа материјална штета.
Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли тврди дека дипломатски центри на Србија во светот нудат оружје на одредени „далечни држави“, со цел лобирање против независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Жителите на најмалку три мали населби се евакуирани по наредба на грчката противпожарна служба, а со одлука на полицијата затворени се и новиот и стариот автопат Атина -Коринт и во двата правци, поради големиот пожар што се уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.
Српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиѓ најави дека Србија планира да го преименува „Коридорот 11“ и за таа цел на есен најверојатно ќе ги замоли граѓаните и институциите во земјата да осмислат ново име за овој патен правец.
Голем пожар беснее во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина. Огнената стихија се уште не е ставена под контрола, а граѓани од околината, превентивно, ги напуштаат нивните домови. Чадот ја покри речиси целата грчка престолнина, јави дописничката на МИА од Атина.
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска го информираше Парламентот дека нема да номинира ниту еден кандидат за состав на влада, бидејќи ниту една партија не обезбедила мнозинство по изборите одржани на 3 јуни.
Во Бугарија од јануари до почетокот на јули се издадени 6.700 дозволи за работа на странци од земјите надвор од Европската унија, а во истиот период минатата година биле ангажирани околу 3.000 работници од трети земји, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.
Тој додаде дека Белград „не е матиран“ со оваа одлука, а со цел решавање на проблемот „кој е комбинација на политиката и на интересни лоби групи“, со министрите од регионот ќе и се обратат на Европската комисија.
Ниту една од косовските опозициски партии не се одзва на повикот на лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и претседател на косовското Собрание, Кадри Весели за средба со цел постигнување консензус за дијалогот со Србија. Состанокот се одржа само со претставници на партиите од владејачката коалиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на косовскиот Парламент и лидер на Демократската партија, Кадри Весели, денеска свика состанок на лидери на парламентарните партии, на разговори во врска со последната фаза од дијалогот помеѓу Белград и Приштина