Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази загриженост поради тоа што Косово ризикува да го изгуби, како што рече, „решителниот момент за постигнување договор со Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европската комисија се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување одлуки во врска со преговорите за членство во ЕУ, при што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку само квалификувано мнозинство, тврди загрепскиот весник „Вечерњи лист“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи формираше преговарачки тим за дијалогот со Србија, во кој нема претсставници на опозицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коалицискиот партнер во грчката Влада, Панос Каменос, не отстапува од неговиот став, дека Македонија нема да стане членка на НАТО, а Договорот од Преспа нема да се имплементира.
Ја поздравуваме одлуката од самитот на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата - решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР, лиферувано од БТА.
Пораешната главна преговарачка на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири, ги повика партиите на косовските Алабанци на консензус за финалната фаза од преговорите со Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата за Македонија да почне пристапните преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица.
Романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО.
Реакциите во двете земји покажуваат дека беше донесена храбра одлука во корист на двете држави и на регионот, вели албанскиот премиер Еди Рама во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, коментирајќи ги реакциите и во Македонија и во Грција за Договорот од Преспа.
До 2024 година Црна Гора ќе издвои два отсто од бруто домашниот производ за одбрана, изјави денеска црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на Самитот на НАТО во Брисел и најави нови мисии во Ирак и во Летонија.