Ципрас и Каменос, пред три седмици во Преспа признаа македонска националност и јазик за Скопје, денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, вели претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Грција ја информирала Русија на 6 јули дека планира да протера руски дипломати од земјата за нелегални активности поврзани со митинзите против договорот со Македонија, изјави грчки дипломатски извор.
Да се поништи во пракса патот кон договорот за името, била една од намерите на активностите на руските дипломати во Грција, вели, повикувајќи се на свои извори, новинарот на весникот „Катимерини“,Василис Недос во разговор со дописничката на МИА од Атина.
Грчките власти одлучија да протераат двајца руски дипломати од државата поради наводно мешање во постигнувањето на Договорот меѓу Атина и Скопје за новото има на Македонија. Москва одговори дека ќе прогласи персона-нон-грата двајца грчки дипломати како одговор на таквата одлука на Атина.
Речиси сто припадници на косовската полиција се очекува наскоро да бидат суспендирани, бидејќи долги години, додека ја вршеле службата, истовремено незаконски користеле и средства од фондот за борците на поранешаната Ослободителна војска на Косово (ОВК), јави дописникот на МИА од Приштина.
Грчката влада одлучи да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез во Грција на други двајца, поради мешање во внатрешните работи на земјата и активности против националната безбедност на Грција, информира весникот „Катимерини“.
Лидерката на Движењето за промена, Фофи Генимата, преку интервју за грчката телевизија Алфа упати повик Македонија сега да не добие покана за членство во НАТО, туку откако ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот.
Комеморација за настраданите Бошњаци за време на офанзивата на српските сили врз Сребреница во јули 1995 година ќе се одржи денеска во Меморијалниот центар Поточари.
Во обраќањето на Самитот во Лондон, Могерини истакна дека изминативе години „сите заедно работевме на приближување на регионот кон ЕУ во политичка, економска и безбедносна смисла“.
Српската премиерка Ана Брнабиќ, по повод денешното приведување на петмина Срби во Гњилане, изјави дека е „жално што властите на Косово се однесуваат се поагресивно кон косовските Срби“, јави дописникот на МИА од Приштина.