Со мали инциденти, пред канцелариите на Независни Грци, заврши вчерашниот протест во Солун, против договорот меѓу Македонија и Грција, јавија локалните медиуми.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денешните разговори меѓу Србија и Косово, кои се одржуваат под покровителство на Европската Унија, се тешки и во напната атмосфера.
Босанската Влада за утре закажа седница на која ќе се разгледа состојбата со зголемениот број на мигранти кои влегуваат во земјата, јави агенцијата ФЕНА.
Во најголемото албанско пристаниште, Драч, запленети се 1,5 милиони евра откриени во автомобил при влез во Албанија.
Во организација на универзитетот „Александар Џувани“ во албанскиот град Елбасан, оржана е првата меѓународна конференција на тема „Балканско египќанско малцинство и етнонокултурните заедници во Албанија“. Покрај голем број научни работници од регионот, на Конференцијата од Македонија учествуваше проф. д-р Рубин Земон.
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека очекува договор меѓу Србија и Косово да биде постигнат најдоцна до март 2019 година.
Црногорската весник „Вијести“ јавува дека Владата усвоила предлог за отпочнување на преговори со Европската Унија со цел припадници на европската гранична мисија Фронтекс да се распоредат на црногорските граници.
На средбата посветена на „отворените прашања како формирање на Заедница на српските општини, енергетиката и мостот во Косовска Митровица“ ќе присуствува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
Со претставници од Македонија, со пораки за Македонија и со инцидент пред почетокот, помина седмата Парада на гордоста во Солун.
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас за денеска најави дека ќе ги потпише, а утре наутро ќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на нејзинот дел од обврските од Договорот за решавање на спорот за името.