Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се откажа од одговорност за водењето на дијалогот со Белград, и таа обврска му ја предал на претседателот Хашим Тачи, објави Коха диторе.
Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, преку соопштение изрази жалење што официјална Софија се обидува да ги претстави Македонците од областа Гора како Бугари.
- Доколку Србија се обиде да влезе на Косово со своја војска или полиција, НАТО тоа би го третирал тоа како непријателски акт и ние со тоа би биле во судир со најмоќниот сојуз во светот.
Албанската гранична полиција ги зајакна конторлите долж границата со Грција, поради зачестените обиди за влез на илегални мигранти.
Скопје денес е мала државичка, но утре не се знае, е еден од аргументите на заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, зошто партијата во која што членува, Независни Грци, останува на позицијата против сложено име со терминот Македонија.
Грчкиот министер за правда, транспарентност и човекови права Ставрос Кондонис ја обвини социјалната мрежа Фејсбук за цензура.
Србија и натаму одбива да го спроведе Договорот за енергетика, потпишан пред пет години во Брисел, со што, според властите во Приштина, на Косово му нанесува загуби од по 30 милиони евра годишно, јави дописникот на МИА од Приштина.
Името не е работа на Светиот синод на ГПЦ и добро би било да не се меша, вели грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во интервју за ЕРТ, говорејќи за црковниот аспект на прашањето и ставот на Грчката православна црква.
Авиони на Воените воздухопловства на Италија и Грција, во соработка со Војската на Црна Гора, од денеска почнуваат со редовно патролирање низ црногорскиот воздушен простор и негова заштита, соопшти Министерството за одбрана во Подгорица.
Користењето на телефонскиот код на Монако (+377) во изминатите 18 години од прогласувањето на независноста на Косово, го чинело косовскиот Телеком над 200 милиони евра