По посетата на Грчката архиепископија, во познатата атинска населба Плака и средбатат со Јеронимос, принцот Чарлс и војвотката Камила пеш се упатија кон нивната следна закажана активност во центарот на Атина - посета на црквата Капникареа.
На мермерите од Партенонот кои Грција бара од Велика Британија да и ги врати, се осврна грчкиот претседател во обраќањето за време на официјалната вечера во чест на принцот Чарлс и војвотката Камила.
Aктуелниот и поранешниот грчки премиер, Алексис Ципрас и Јоргос Папандреу на нивната вчерашна речиси 1,5-часовна средба во премиерската палата разговарале,меѓудругото, и за преговорите за името.
Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ по синоќешната средба на членовите на Претседателството со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се разговарало за Изборниот закон на БиХ, но и за актуелни теми од земјата и регионот.
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска повторно ќе седне на иста маса со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, откако на 4 овој месец двајцата министри учествуваа на квадрилатералниот состанок во Солун.
Се надевам дека и во иднина ќе продолжуваме успешно да се соочуваме со предизвиците, посетата на Грција ги нагласува врските меѓу двете земји, изјави принцот Чарлс на почетокот од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Единаесет од вкупно 16 добитници на наградата на Хрватското новинарско здружение (ХНД) ја вратија наградата во знак на протест поради овогодинешното доделување на тоа признание за телевизиско новинарство на Ивана Петровиќ од Нова ТВ.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, и натаму е воздржан оптимист за можноста од изнаоѓање договор меѓу Македонија и Грција.
Грчката полиција соопшти дека спасила 50 мигранти, кои двајца Пакистанци ги држеле како заложници во близина на Солун и изнудувале пари од нивните семејства.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, со која ќе разговара за продолжување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, соопшти неговиот Кабинет.