ЕУ ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан, бидејќи безбедноста на Европа зависи од безбедноста на регионот, изјави синоќа во Љубљана претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денеска во Истанбул дека односите со Турција, кои сега се на високо ниво, пружаат голем потенцијал за натамошен развој на економските односи. Воедно, тој ги повика турските инвеститори да продолжат со инвестирање во Србија.
Поради силна полицијска блокада, лидерот на српските радикали Воислав Шешељ со активистите не успеа да влезе во селото Хртковци на северот на Србија, но сепак одржа митинг во 7 километри одалеченото село Јарак, при што настана инцидент.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска замина на дводневна посета на Турција, каде ќе се сретне со претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Невреме со дожд, ветер и грометивици зафати делови на Балканот вчера и денеска, при што во близината на босанскиот град Прњавор 11 годишно девојче загинало од удар на гром.
Шест лица биле полесно повредени во денешната поплава во турскиот главен град Анкара. Силните дождови ги претворија улиците во населбата Мамак во вистински реки кои пред себе носеле луѓе и возила.
Четирите најголеми грчки банки ги положија најновите „стрес тестови“ на Европската централна банка, во кои се проверува како банките би издржале во случај на повторно влошување на финансиската состојба, јави новинската агенција ДПА.
Европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска оцени дека претстојниот самит на Европската унија и земјите од Западниот Балкан во Софија ќе биде исклучително важен, јави бугарската новинска агенција БТА.
Готемолер и Захариева разговарале за политиката на отворени врати на НАТО и за евро-атланската перспектива на земјите од Западен Балкан, соопшти бугарското МНР.
- Досега се поднесени 835 барања за користење на мерката за која годинава Министерството за економија обезбеди 30 милиони денари и е наменета за 2.000 семејства чии месечни примања не надминуваат 22 илјади денари нето плата, информира Бектеши.