Преговорите за името и последната средба во Виена, грчко-турските односи, како и економијата, се очекува да бидат темите на денешната владина седница со која ќе претседава грчкиот премиер Алекис Ципрас.
Следните седмици ќе бидат одлучувачки за дали ќе има или не решение на проблемот, смета лидерот на партијата Река кој вчера имаше средба со шефот на грчката дипломатија.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска му порача на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Еродган дека нема да му дозволи да се меша во внатрешните работи на Косово.
- Во зависност од тоа ќе решиме околу самитот во Софија на 17 мај. Бугарија е наш голем партнер, а ЕУ е наша стратешка цел. Сакаме добра комуникација и во интерес на државата е да бидеме на тој самит, изјави Брнабиќ на прес-конференција во Белград.
Словенечкиот премиер Миро Церар утре доаѓа во официјална посета на Македонија. Официјалната церемонија на словенечката делегација, ќе се одржи утре на платото пред Владата во 16:00 часот, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Церар, како и билатерален состанок на македонската и словенечката владина делегација.
Речиси два часа траеше средбата на генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцубас со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Европската комисија денеска соопшти дека ќе издвои уште 180 милиони евра за проекти за помош на бегалците во Грција. Средставта ќе бидат наменети за сместување на бегалците и за задоволување на нивни лични потреби,
Туристите кои ќе одат на море оваа година на патот кон Халкидики ќе ги пречека нов пораст на давачките.
Нови критики до грчката Влада, дека не ги известила политичките партии за текот на разговорите за името, упати одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, во интервју за грчкиот весник „Елефтерос типос“.
Лидерите на грчките политички партии, еден по еден, ќе бидат информирани од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас за разговорите во Виена и текот на преговорите за името.