Премиерот на Албанија, Еди Рама, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упати критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одби да го потпише Законот за јазиците.
Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното Белград- Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти српскиот министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.
Кусо пред посетата на Скопје, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас повторно добил заканувачко писмо и куршум за прашањето за името и преговорите што се во тек, објави викенд изданието на весникот „Та неа“.
Словенија денеска би требало да и предаде писмо на Европската комисија со предлог за покренување тужба против Хрватска поради непочитување на арбитражната одлука за границата.
Опозициската Нова демократија води пред СИРИЗА со 9 отсто, покажува најновата анкета во Грција што за телевизијата „Скај“ ја спровела агенцијата „Пулс“.
Информативниот портал „Ин“ пишува дека кон крајот на месецот шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во Парламентот во Атина ќе ги презентира предлозите за решение, а тоа ќе значи и напуштање на Владата на Независни Грци.
Директорот на службата за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Слободан Ујиќ, потврди дека во четвртокот на двајца членови на руската мотоциклистичка група „Ноќни волци“ им забранил влез во земјата, пишува „Ал Џезира“.
За билатералната одбранбена соработка, за случувањата во поширокиот регион и за прашањето со двајцата грчки војници притворени во Турција, разговарале на вчерашната средба грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и Американскиот помошник државен секретар, задолжен за Европа и Евроазија Вес Мичел.
Можам јасно да кажам дека во овој момент чекориме по еден доста позитивен пат, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос и додава дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам.
Официјална Тирана го поздрави донесувањето на Законот за јазиците од страна на Собранието на Македонија. Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека Законот за јазиците претставува значаен историски акт.