Во прилогот емитуван во централното издание на вестите, новинарката повикувајќи се на свои извори вели дека започнува клучна недела за преговорите, а Коѕијас на неговиот македонски колега ќе му ја достави нацрт-спогодбата што ја подготвува грчката страна.
Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО требаше одамна да биде одблокиран, смета претседавачот со Минхенската безбедносна конференција и поранешен германски амбасадор во САД, Волфганг Ишингер.
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.
– Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади и исти дипломати, но зошто да не еден претседател како симбол на национално единство и национална политика на безбедност“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија
Тачи рече дека е решителен во тоа Косово да добие своја војска, додавајќи дека стратешките партнери на Косово и на НАТО целосно го поддржуваат тој процес.
Србија само губи време во блокирањето на Косово, бидејќи косовската независност е неповратен процес, оцени претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Грчката министерка за административна реконструкција смета дека преговорите меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во идеален моментум, наспроти тврдењата на лидерот на опозициската Нова демократија дека во овој момент нема околности за решение.
Постојат точки на поклопување на мислењата, но и позитивна клима по средбата во Виена, а клуч за конечен договор останува комбинацијата од постепена примена на ерга омнес со промена на Уставот, пишува весникот „То Вима“ во анализата за маратонските разговори на Никола Димитров и Никос Коѕијас.
Се обидуваме да ја разграничиме историјата, со сложено име, без иредентистички аспирации во секојдневието и Уставот на соседната земја, вели грчкиот министер без ресор, Алекос Флабурарис во интервју за весникот „Неа селида“.
Весникот додава дека промената на имињата на автопатот и аеродромот, веќе се објавени во „Службен весник“, а „преименувањата можеби веќе следната седмица да го однесат Коѕијас од Атина за Скопје, со лет, прв од таков вид по речиси 12 години“.